Селото Kostojevici

Општи информации
Име Kostojevići
Држава Serbia
Округ Bajina Bašta
Поштенски број 31254
Број на домаќинства 142
Број на жители 413
Површина (km2) 12.13

Локално место за информации
Лице за контакт Dragana Ivanović
Адреса Dušana Višića No. 28, 31250 Bajina Bašta
Телефонски број +381 31 862366, +381 69 8259814
Електронска пошта draganaivanovic3@gmail.com
Веб-страница на селото

Kostojevici е сместено во Општината Bajina Basta, во Западна Србија. Kostojevici е мало село, но има одредени урбани карактеристики и е опкружено со планини со шуми. Локалното школо и 40-те домаќинства во селото се греат со систем за централно греење кој работи на сурова нафта. Во околината на селото, територијата на општината е богата со шуми кои обезбедуваат добри предуслови за замена на суровата нафта со биомаса како главен извор на енергија. Планините Tara се исто така богати со шуми. Покрај тоа, постои одреден број на капацитети за обработка на дрво кои можат да бидат вклучени во процесот на соодветен начин. Со ефикасна употреба на достапните локални обновливи извори на енергија и проширување на локалниот систем за централно греење, возможно е повеќе локални институции (центарот за здравје, биоблиотеката, аптеката и ветеринарната станица) и 40 дополнителни домаќинства да се поврзат на топлинскиот систем. Локалниот систем за централно греење може дополнително да се зајакне преку негово поврзување со локалниот бизнис-сектор (производители на пијалоци, мали продавници и автомобилски сервиси).