Dole pri Litiji

Општи информации
Име Dole pri Litiji
Држава Slovenia
Округ Litija
Поштенски број 1273
Број на домаќинства 250
Број на жители 766
Површина (km2) 55

Локално место за информациии
Лице за контакт Irena Bostič
Адреса -
Телефонски број -
Електронска пошта irena.bostic@probanka.si
Веб-страница на селото dole.si

Општината Litija е сместена во западниот дел на ридот Posavje, а исто така и во центарот на Словенија. Градот Litija е локалниот центар на општината, кој се наоѓа на 37 km југоисточно од Љубљана, во долината на најдолгата словенечка река Сава. Локалната заедница Dole pri Litiji е дел од општината Litija. Таа има богато културно и историско наследство. Покрај тоа, оваа локална заедница го имплементира и одржува традиционалниот начин на производство на јаглен од дрво, поради што исто така е наречена Земја на дрвениот јаглен – Oglarska dežela. Во локалната заедница Dole pri Litiji, објектите се греат индивидуално.

Во Dole pri Litiji, работат  неколку пилани. Сопствениците на шуми се прилично опремени со адаптирани шумски трактори, како и трактори со полуприколки за транспорт на дрво и дрвени чипсови. Локалната заедница Dole pri Litiji веќе работи на развојот на околината, со поддршка од локално базирани иницијативи. Бидејќи најголемиот број на домаќинства се греат на дрва индивидуално, жителите се заинтересирани да го имплементираат проектот BioVill, со цел да ја искористат локалната дрвна биомаса.

Dole pri Litiji – првата Земја на дрвен јаглен во BioVill; со рака кон традицијата и иднината!

Слоган за станување биоенергетско село